Меси го доби вториот црвен картон во кариерата, ќе се степаше со Медел (Видео)

Лионел Меси  го доби вториот црвен картон во кариерата и повторно во репрезентативниот дрес на Аргентина. Капитенот на Гаучосите беше исклучен пред крајот на првото полувреме на дуелот против Чиле, откако сакаше да се тепа со Гари Медел.

Се играше 37 минута, кога Меси не успеа да стигне една топка пред голот на противникот и го оттурна Медел. Чилеанецот воопшто не чекаше да му возврати и двајцата фудбалери започнаа да се туркаат, знаејќи дека никако не смее да користат раце. Сепак, туркањето беше толку жестоко што буквално ќе прераснеше во тепачка. Судијата беш размислиување на двајцата играчи веднаш им покажа црвен картон.

За Меси ова е втор црвен картон во кариерата. Првиот го доби во дебито за аргентинската репрезентација.

Гаучосите имаат предност од 2:0, благодарение на головите на Серхио Агуеро и Пауло Дибала. Головите може да ги погледнете ТУКА.

https://twitter.com/louorns/status/1147592510694449154

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести