15.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Меси го доживеа едно од најголемите понижувања во кариерата (Видео)

Екипата на Шарлот славеше убедлива победа од 3:0 против Интер Мајами во меч од МЛС шампионатот во САД. Мечот го одбележаа по еден играч од двата тима. Лионел Меси беше трагичарот на натпреварот, а во херој се претвори домашниот играч Идан Токломати.

Беше 0:0 кога во 32 минута беше досуден пенал за Интер Мајами, а во отсуство на Луис Суарес, Меси ја презема одговорноста да го шутира ударот од белата точка. Аргентинскиот виртуоз сакаше на актрактивен начин, со паненка шут да го матира домашниот голман Кристијан Калина. Сепак, хрватскиот чувар на мрежата на Шарлот ја прочита неговата намера и остана на средината од голот, успевајќи да одбрани пенал на легендарниот Меси и тоа со паненка шут.

По тој промашен пенал, работите за Интер Мајами тргнаа на лошо. Само две минути подоцна, Токломати даде гол за водство на Шарлот од 1:0. Во второто полувреме продолжи шоуто на Токломати кој постигна уште два погодоци и тоа во 47 минута и во 84 минута од пенал за убедлива победа на Шарлот од 3:0.

- Оглас -

Најнови вести