18.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Меси го исполни ветувањето на фудбалерот кој не одигра ниту една минута на Мундијалот (Видео)

Австалијскиот репрезентативец Ками Девлин беше во составот на Кенгурите, но на теренот не одигра ниту една минута. Самото присуство на планетарниот собир е големо искуство за Девлин кој од Катар си замина со еден многу вреден спомен.

По дуелот против Аргентина во осминафиналето на Мундијалот, Девлин успеа да го добие дресот на Лионел Меси со кој Аргентинецот го одигра јубилејниот 1.000 меч во кариерата. Овој дрес сигурно ќе има голема вредност ако се знае дека токму со него Меси го прослави големиот јубилеј.

„По мечот веднаш дојдов до теренот и прво што правев, ги тешев соиграчите поради поразот. Потоа заминав и се ракував со Меси. Никој ништо не го праша, па решив јас да си ја пробам среќата, а тој ми рече: Ќе се видиме внатре“. И така се случи“, раскажува сречниот Девлин, кој потенцираше дека прво оставил поискусните соиграчи да го побараат дресот од Меси, но никој тоа него направил.

„Кога видов дека никој не го праша за дресот, реков дека немам што да загубам. Не знам дали мојот дрес што го доби ќе биде на ѕидот во неговата куќа или само заврши на подот од соблекувалната, но не се лутам. Бев изненаден што воопшто тој го зема мојот дрес и се заменивме“, дообјасни австралијскиот репрезентативец.

https://twitter.com/i/status/1599339728494534656

 

 

- Оглас -

Најнови вести