Лионел Меси со двата гола од игра кои ги постигна рано утрово на дуелот со Њујорк ред бул во победата на Интер Мајами од 5-1, го престигна Кристијано Роналдо според бројот на голови, без да се сметаат пеналите.
Меси има 874 голови, а 764 голови му се од игра и слободни удари, а Роналдо има 763 такви. Но, Португалецот има многу повеќе реализирани пенали и затоа е прв стрелец во историјата на фудбалот.
Меси по шести пат на последните седум меча успеа да постигне два гола. Против Њујорк ги даде четвртиот и петтиот гол на Мајами. Четвртиот беше после една феноменална асистенција на Серхио Бускетс, кој потсети на старите денови.
The pass from Busquets. The finish from Messi.
Doing what they do best. ✨ pic.twitter.com/DxSMRFDtOO
— Major League Soccer (@MLS) July 20, 2025