Меси го надмина Роналдо и за тоа му беа потребни 150 меча помалку

Лионел Меси го даде единствениот гол за ПСЖ во дербито против Лион и францускиот првак освои три бода за да се искачи на првото место на табелата. За Меси ова беше 672-ри погодок постигнат од игра (без да се бројат погодоците постигнати од пенал).

Аргентинецот со 672 погодоци без пеналите го надмина Кристијано Роналдо, кој во кариерата има постигнато 671 гол ако не се бројат погодоците од белата точка. Тоа што е поважно за Меси е дека до оваа бројка на погодоци ја има стигнато одигрувајќи 980 натпревари, односно точно 150 меча помалку од Роналдо, кој во кариерата има одиграно 1130 дуели.

- Оглас -

Најнови вести