Лионел Меси синоќа одигра маестрален меч и со два гола и две асистенции ја предводеше Барселона до убедлива победа против Валјадолид. Со тие два погодока, Аргентинецот успеа да го надмине големиот ривал Кристијано Роналдо, и тоа по бројот на постигнати погодоци на клупско ниво.
Во текот на целата клупска кариера Меси има играно само за Барселона, а веќе стигна до бројката од 608 погодоци. Роналдо сега има два помалку, односно 606 голови како играч на Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. Во корист на Меси е и фактот дека капитенот на Барселона до 608 голови стигна само во 695 натпревари, додека Кристијано има одиграно 813 дуели на клупско ниво.