Меси го постигна 899 гол во кариерата, Интер Мајами победи (Видео)

Интер Мајами победи на гостувањето кај ДЦ Јунајтед со 2:1 во меч од третото коло на американската МЛС лига. Актуелниот шампион одлично започна на гостувањето и за помалку од половина час веќе имаше два гола предност.

Аргентинците се најзаслужни за триумфот на Интер Мајами. Најпрво Родриго де Пол погоди во 17 минута за водство од 1:0, а само 10 минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Лионел Меси. Аргентинскиот виртуоз покажува дека и на 38 години уште е незапирлив за гостинските одбрни. За Меси ова беше 899 гол во кариерата и сега му недостасува само уште еден за да стигне до 900 погодоци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Men in Blazers (@meninblazers)

За Интер Мајами ова е втора победа во третото коло од новата сезона.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести