Меси го повикал Модриќ да му се приклучи во Интер Мајами!?

Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната. Хрватот кој во септември ќе наполни 40 години засега не размислува да се пензионира. Сепак, речиси сигурно е дека Реал нема да му понуди договор на Модриќ за следната сезона, па веќе започнаа шпекулациите каде може Лука да ја продолжи кариерата.

Според некои шпекулации и најави од Шпанија, Модриќ добил понуда да потпише за тимот на Интер Мајами, каде што главна ѕвезда е Лионел Меси. Токму Аргентинецот бил оној кој дал идеја Модриќ да дојде во тимот од Мајами.

Откако Меси потпиша за Интер, во клубот пота се приклучија и неговите некогашни соиграчи од Барселона, Луис Суарес, Жорди Алба и Серхио Бускетс. Сега на ред е и една ѕевзда од најголемиот ривал на Барселона, а тоа е Реал Мадрид, и тоа Модриќ кој од 2012 година е на „Сантијаго Бернабеу“.

Минатата сезона Интер Мајами беше тимот со најмногу бодови во МЛС-шампионатот, но потоа разочарувачки испадна уште во првото коло од елиминациите кога загуби од Атланта. Во новата сезона во МЛС започна одлично, со пет победи и три нерешени во осум меча и е единствен без пораз.

- Оглас -

Најнови вести