Лионел Меси има договор со Интер Мајами до декември оваа година, а наскоро се очекува да го продолжи до декември 2026 година. Со тоа ќе биде исполнет условот да може да биде позајмен во Европа во периодот кога нема да се игра МЛС-лигата, односно од ноември 2025 до февруари 2026 година.
Ова се толкува како можност за најдобриот фудбалер во историјата конечно да се врати во Барселона, со што корист би имале баш сите. Барселона би си ја вратила легендата во своите редови на големо задоволство на навивачите, макар и само на три месеца фудбалерот ќе остане во форма во период кога во САД нема натпревари, а тоа важи и за Интер Мајами. Секако, корист ќе има и репрезентацијата на Аргентина, која ќе го има Меси во топ-форма пред Светското првенство кое следното лето ќе се одржува во САД, Канада и Мексико.
Токму ова правило го искористи Тјери Анри, кој во 2012 година како позајмен од Њујорк играше за Арсенал во периодот на пауза во МЛС-лигата.