Капитенот на Барселона Лионел Меси во уште една категорија го остави зад себе вечниот ривал Кристијано Роналдо. По едно направено статистичко истражување, Меси е фудбалерот кој има постигнато најмногу голови во просек на меч на клупско ниво.
Аргентинскиот виртуоз целата кариера ја поминува во дресот на Барселона, а во 726 натпревари има постигнато 630 погодоци, што е 0,87 погодоци во просек на натпревар. Втор во оваа категорија е Роналдо со 626 голови во 812 натпревари. За разлика од Меси кој целата кариера е во еден клуб, Роналдо има играно за Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. Просекот на дадени голови му е 0,77 по меч. Трет на оваа листа е Роберт Левандовски со 345 голови во 472 меча, односно просек од 0,73 погодоци на натпревар.
Еве како изгледа листата на Топ 15 голгетери во оваа категорија:
Лионел Меси – просек од 0,87 погодоци на меч
Кристијано Роналдо – 0,77
Роберт Левандовски – 0,73
Луис Суарес – 0,67
Нејмар – 0,65
Килијан Мбапе – 0,65
Хари Кејн – 0,63
Златан Ибрахимовиќ – 0,62
Единсон Кавани – 0,61
Руд ван Нистелрој – 0,60
Серхио Агуеро – 0,59
Радамел Фалкао – 0,58
Тиери Анри – 0,57
Роналдо – 0,56
Педро Паулета – просек од 0,55 голови по меч