Меси го стигна Роналдо во една необична статистика

Пари Сен Жермен доминантно ја започна новата сезона во француското првенство и со 5:0 славеше на гостувањето кај Клермон. Лионел Меси беше главен на теренот и прво асистираше, а потоа Аргентинецот постигна и два гола. Посебно спектакуларен беше погодокот со „ножички“.

Со овие два гола, Меси успеа да го стигне Кристијано Роналдо на една интересна статистичка листа. Двата најдобри фудбалери во изминативе 20 години, имаат 205 меча на кои постигнувале барем по два гола.

Меси синоќа го одигра 976 меч во клупската и репрезентативна кариера, што значи на секој пет меча се случува тој да постигне барем два гола. На Роналдо му биле потребни 1.091 меч за да има 205 средби со по два погодоци.

Трет на оваа листа е Роберт Левандовски со 135 натпревари во кариерата на кои постигнувал барем два погодоци, а во топ пет се Златан Ибрахимовќ со 98 меча на кои бил двоен стрелец и Карим Бензема со 87 средби во кои Французинот стрелал два пати во противничката мрежа.

- Оглас -

Најнови вести