Лионел Меси и Кристијано Роналдо се меѓу најдобрите фудбалери на сите времиња, тие во тоа нè уверуваат веќе 15-тина години, а оваа 2023 година може да биде и последна во која тие двајца ќе бидат на врвот и ќе треба тронот да им го препуштат на помладите.
Меси има 36 години, а годинава ја доби „Златната топка“, но поради заслуга во финишот на 2022 година кога стана светски првак. Со играњето во клуб како Интер Мајами, тешко дека ќе може да се бори за нова „Златна топка“, дури и ако налето повторно ја освои Копа Америка со Аргентина.
Роналдо е 38-годишен, во февруари полни 39, а тој е најефикасен фудбалер на светот во 2023 година. Португалецот годинава даде 54 гола и по петти пат во кариерата е најефикасен во една календарска година.
Фудбалерот на Ал Наср не им се дава на помладите голгетери, уште е гладен за погодоци, игра во лига во која е полесно да се даваат голови отколку во некоја врвна во Европа, а летово е и најверојатно последното Европско првенство за него.
Да уживаме додека овие двајца мајстори уште се на тревнатите терени!