Меси: Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот бидејќи сите сакаат да го копираат, но…

Лионел Меси смета дека неговиот поранешен тренер во Барселона, Хосеп Гвардиола, му нанел голема штета на фудбалот бидејќи многумина тренери се обидуваат да го копираат и тоа го прават без успех.

Гвардиола му беше тренер на Меси во Барселона од 2008 до 2012 година и за тоа време тие двапати триумфираа во Лигата на шампионите, а многумина сметаат дека каталонскиот тим тогаш го играл најубавиот фудбал во историјата на овој спорт.

„Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот бидејќи сите мислат дека ќе успеат да го копираат неговиот стил. Но, тоа не може да се случи“, вели Меси, кој исто така смета дека Гвардиола е специјален тренер.

„Тој е специјален тренер, посебно поради начинот на којшто гледа на секој натпревар, на подготовките на секој меч и поради начинот на којшто ја креира и ви ја презентира тактиката.

Гвардиола освен Барселона, од 2013 до 2016 година беше тренер на Баерн Минхен, а од 2016 година седи на клупата на Манчестер сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести