Лионел Меси сака Пари Сен Жермен да се ослободи од Мауро Икарди, и на негово место да го донесе Серхио Агуеро. Со ваква шпекулација излегоа некои медиуми, кои додаваат дека Меси верува оти нема да биде проблем ПСЖ и Барселона да се договорат околу обештетувањето.
Агуеро летоска се „залета“ да потпише двегодишен договор со Барса, бидејќи мислеше дека ќе му биде соиграч на Меси со кого се во пријателска и кумска врска, но Лео неочеквано си замина и сега позицијата на популарниот Кун во каталонската престолнина, не е идеална.
Икарди во ПСЖ сезонава даде три гола на 11 меча, но поголем проблем од тоа што е резерва, му е приватниот живот и турбуленциите на тоа поле, за кои разбра цел свет. Икарди не е во добри односи со Меси, верува дека поради него не го викаат во аргентинската репрезентација.