Меси и Аргентина го продолжуваат мундијалскиот сон

6889 Аргентина – Австралија (СП Катар, 20 часот)

Аргентинците ја преживеаја групната фаза на СП во Катар и си го вратија епитетот на едни од главните фаворити за триумф. Првата пречка на Лионел Меси и соиграчите е Австралија која приреди изненадување со победата над Данска во групната фаза.

Аргентина на шокантен начин го започна настапот во Катар, со пораз од Саудиска Арабија од 2:1 во првото коло, но се извади со двете победи од по 2:0 над Мексико и Полска.

Згора на тоа, избраниците на селекторот Лионел Скалони играат одличен фудбал со кој ја вратија вербата кај навивачите. Австралија исто така лошо го стартуваше Мундијалот, со пораз од Франција од 4:1, но потоа следеа два минимални триумфи над Данска и Тунис и сосема заслужено се најдоа во осминафиналето.

Предлог тип: 1-1 & 0-4 (2.12)

 

6051 Холандија – САД (СП Катар, 16 часот)

Холандија откако го прескокна претходното СП во Русија, го врати Луј ван Хал на селекторското столче и веднаш дојдоа резултатите, но на сметка на убавината во играта.

Холанѓаните го освоија првото место во групата А со седум бода, но не беа убедливи во дуелите со Сенегал, Катар и Еквадор.

САД во групата Б го освои второто место зад Англија со пет бода. Победата која ги однесе на мегдан со Холандија ја остварија во последното коло против Иран, а претходно ремизираа со Англија и Велс.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.70)

 

1582 Неа Саламис – АПОЕЛ (Кипар прва лига, 18 часот)

АПОЕЛ е тимот кој се наоѓа во најдобра форма во кипарскиот шампионат и има серија од шест победи по ред со кои се искачи на третото место. Неа Саламис пак загуби на четири во последните пет натпревари.

Црната серија ја прекина во последното коло против Оминија славејќи со 2:0. Двете екипи сезонава веќе играа еднаш, во Купот и победи АПОЕЛ со 2:0. И традицијата е на страната на АПОЕЛ кој нема пораз од Неа Саламис цели 11 години, односно дури 32 натпревар е непоразен во меѓусебните дуели.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.30)

 

1254 Квинс Парк – Хамилтон (Шкотска чемпионшип, 16 часот)

Ова е дуел на четвртопласираниот против последниот на табелата во шкотската чемпионшип дивизија. Квинс парк на 16 натпревари освои 27 бода и има само два помалку од лидерот Аир јунајтед и има гол разлика 26:26. Хамилтон пак е последен на табелата со само две победи и гол разлика 16:31.

Предлог тип: 3+ (1.64)

 

1314 Спортинг Хихон – Лас Палмас (Шпанија, Втора лига, 18.30 часот)

Лас Палмас е второпласиран во втората шпанска лига со само три бода помалку од Алавес кој има и натпревар повеќе, додека Спортинг Хихон е на 12-та позиција на табелата. Спортинг на последните четири натпревари е претплатен на реми, додека Лас Палмас славеше на последниот меч со 3:1 против Тенерифе. Историјата на меѓусебните покажува дека нема многу голови, последните три натпревари завршија со 1:0.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.79)

- Оглас -

Најнови вести