6787 Полска – Аргентина (20.00 часот)
Победата над Мексико ги врати Аргентинците во живот по шокантниот пораз од Саудиска Арабија на стартот од Мундијалот и вечерва ги чека дуел за првото место во групата.
Гаучосите против Мексико не ги повторија грешките од првиот натпревар, кога во второто коло едноставно престанаа да играат и беа казнети со два гола. Полска пак во второто коло ја совлада Саудиска Арабија со 2:0 и е лидер на табелата со еден бод повеќе од Аргентина. Меси и соиграчите мора да победат за да бидат сигурни патници во осминафиналето и сигурно е дека имаат квалитет да го сторат тоа, иако за противник ги имаат незгодните Полјаци предводени од Левандовски.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.02)
6785 Австралија – Данска (16.00 часот)
Ова е дуел кој директно одлучува за вториот патник во осминафиналето од групата Д. Данска по две кола има само еден освоен бод, одигра без голови против Тунис и загуби од Франција.
Ако разочараа во првиот меч, Данците одиграа одличен натпревар против светскиот шампион и покажаа зошто се топ-10 репрезентација на ранг-листата на ФИФА иако на крајот загубија. Австралија во второто коло го совлада Тунис со 1:0 и се наоѓа на второто место. Квалитетот е на страната на Данска, која сигурно е дека од првата минута ќе тргне офанзивно и за очекување е да дојде до победата.
Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.93)
6788 С. Арабија – Мексико (20.00 часот)
Мексиканците се едни од најголемите разочарувања на Мундијалот во Катар иако сè уште имаат шанси за пласман во осминафиналето. Мексико има голем проблем со реализацијата, во првите две кола не постигна ниту еден гол, а притоа загуби од Аргентина и само со победа може да се надева на освојување на едно од првите две места.
Саудиска Арабија пак по големата победа над Гаучосите во првото коло, загуби од Полска во второто, иако прикажа солидна игра. Се очекува и двете репрезентации да играат на победа бидејќи само така ќе ги задржат шансите за нокаут-фазата, а исто така се очекува конечно да проработат Мексиканците и да постигнат гол.
Предлог тип: ГГ3+ (2.30)
6786 Тунис – Франција (16.00 часот)
Франција иако победи во првите две кола, сè уште не го обезбеди првото место во групата. Иако имаат големи проблеми со повредите, Галските петли во двете кола постигнаа вкупно шест гола и се очекува во ист ритам да одиграат и вечерва. Килијан Мбапе со три гола е на делба на првото место на листата на стрелци, а како што игра досега, би требало и вечерва да биде најголема закана за голот на Тунижаните.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)
3174 Копер – Мура (18.00 часот)
Словенечкиот шампионат е еден од ретките во Европа во кој нема пауза поради Светското првенство и денеска во дербито играат четвртата и третата екипа на табелата, Копер и Мура.
Копер веќе пет кола не знае за победа, оствари четири ремија и еден пораз, додека Мура има пет победи во последните шест натпревари во словенечката лига.
Историјата на меѓусебните натпревари покажува дека домашниот терен игра голема улога. Во последните десет меѓусебни натпревари, гостинот славел само на два, додека домаќинот на пет.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.75)