Освојувачот на Лигата на шампионите, ПСЖ, лесно и убедливо дојде до пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство. „Светците“ со 4-0 славеа над Интер Мајами, а победникот беше решен уште во првото полувреме, со оглед на фактот дека сите четири гола се паднаа во првите 45 минути.
Жоао Невеш со два гола, во шесттата и во 39-тата минута, ја најави убедливата победа, а до крајот на првиот дел, Авиљес си постигна автогол во 44-тата минута, а Аштраф Хакими во третата минута од продолжението зголеми на 4-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Лионел Меси и другарите во првото полувреме не упатија нитуеден удар кон противничкиот гол, не изведоа корнер, а имаа посед на топката од само 28%. Сепак, во второто полувреме на теренот можеше да се види друга слика, а на крајот статистиката вели дека и двете екипи шутнале по трипати во рамки на противничкиот гол, но Донарума ги одбрани сите удари на Интер Мајами.
ПСЖ во четвртфиналето на клупскиот Мундијал ќе игра против победникот од дуелот на Баерн Минхен и Фламенго.