Меси и Гризман одамна не дале гол во првенството, може ли да ги запре и Хетафе?

Барселона попладнево има интересен лигашки тест на „Камп Ноу“ против Хетафе, не само затоа што тимот од Мадрид е трети на табелата со седум бода помалку од каталонците, туку и да се види дали Лионел Меси и Антоан Гриезман ќе излезат од голгетерската криза во лигата.

Меси нема дадено гол на претходните три средби во Ла Лига, и ако не погоди против Хетафе, ќе ја изедначи најдолгата низа без гол од 2013 година наваму. Сепак, придонесот на Меси во последните мечеви е голем со асистенциите, па не може да се каже дека Аргентинецот не е во форма. Французинот Гриезман нема дадени лигашки гол во 2020 година, но често погодуваше во Купот. Некако со доаѓањето на тренерот Кике Сетјен, двете ударни игли во нападот на Барса имаат проблем со реализацијата.

Хетафе е тим против кој се упатени најмалку шутеви во шпанското првенство, знаат да се бранат, и треба да се види како каталонците ќе излезат на крај со бункерот. Хетафе нема дадено гол на последните четири гостувања кај Барса, а последен пат кога даде гол на „Камп Ноу“, си замина непоразен.

- Оглас -

Најнови вести