Лионел Меси е апсолутно најдобриот фудбалер во светот и за 2023 година откако по Златната топка, синоќа беше крунисан и за Тhe best во изборот на ФИФА. Аргентинскиот виртуоз е првиот фудбалер со три признанија за „Најдобар“ според Светската фудбалска федерација.
Во гласањето на ФИФА учествуваат капитените на националните селекции, селекторите, навивачите и медиумите. За првпат во ова гласање Лионел Меси и Ерлинг Халанд имаа ист број бодови. Двајцата добија по 48 поени во вкупното гласање, додека трет е Килијан Мбапе со 35 поени.
На крајот, Меси сепак е избран за најдобар поради правилото на ФИФА, кое вели дека ако двајца фудбалери имаат ист број освоени бодови, подобар е оној кој има освоено повеќе „петки“ во гласањето на капитените. Во таа категорија Меси е убедливо пред Халанд, па затоа на крајот Лео го доби и признанието за најдобар.
Освен кај капитените, Меси има убедливо најмногу освоени гласови и од навивачите. Меси од фановите доби вкупно 613.293 гласови, а за споредба, Халанд (365.893 гласови) и Мбапе (201.866) заедно имаат добиено помалку гласови од Меси.
🚨 Lionel Messi and Erling Haaland finished on the same number of points in the FIFA The Best trophy votes. 🇦🇷 🇳🇴
The Argentinian was announced as the overall winner after receiving more votes in first place compared to Erling Haaland.
Messi FIFA Ronaldo Osimhen #AFCON2023 pic.twitter.com/WPM9DTs4ei
— Daily_Sure_odd🐐✌ (@Adebola36199498) January 16, 2024