Меси и Хамилтон испишаа историја – Првпат наградата Лауреус ја поделија двајца спортисти

Лионел Меси и Луис Хамилтон се добитници на светски престижната награда Лауреус за најдобри спортисти на планетата за 2019 година.

За првпат од 2000 година, откога се доделува ова признание има двајца победници, кои ја поделија наградата.

Меси е посебна приказна и тој е првиот спортист што во Берлин доби ваква награда, а доаѓа од колективните спортови. Аргентинецот не беше присутен на свечената церемонија и изјави дека му е жал што не е во Берлин за да ја прими наградата.

https://twitter.com/CarolRadull/status/1229490416883556355?s=20

Интересно е што и двајцата лауреати имаат исти бројки, а шестката доминираше. Меси има шест Златни топки, а Хамилтон е шесткратен првак во Формула 1.

Американската гимнастичарка Симон Бајлс е добитничка на наградата во женска конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести