1.8 C
Skopje
недела, 22 февруари 2026

Меси и Интер Мајами доживеаа дебакл во првиот меч како шампиони во МЛС (Видео)

Новата сезона во МЛС фудбалската лига во САД започна со убедлив пораз на шампионот. Тимот на Интер Мајами гостуваше кај Лос Анџелес и загуби со убедливи 3:0.

Во составот на гостите од Мајами целиот меч го одигра и Лионел Меси, но едноставно аргентинскиот виртуоз и соиграчите беа немоќни да се спротистават на расположените домаќини.

Тимот на Лос Анџелес поведе во 38 минута со голот на Мартинез, а сите дилеми околу победникот беа решени во последните 20-тина минути од средбата. Најпрво Бунга зголеми на 2:0, а точка на средбата стави Ордаз со погодок буквално во последните моменти за конечни 3:0.

- Оглас -

Најнови вести