Интер Мајами имаше катастрофален старт на подготвителните натпревари, односно на шампионската турнеја во Јужна Америка. Лионел Меси и другарите загубија со 3-0 од Алинц Лима од Перу на првиот меч.
Иако Интер Мајами доминираше на теренот, сепак, домашните беа тие кои постигнуваа голови. По првите 45 минути веќе беше 2-0 за Алијанц, а Меси, Суарес и Де Пол беа заменети во 63-тата минута, па Интер Мајами до крајот прими уште еден гол.
Следниот меч на турнејата во Јужна Америка за Интер Мајами е следниот викенд, кога ќе му гостуваат на Атлетико Национал во Колумбија.

