Килијан Мбапе и Лионел Меси немаат исто мислење на „темата Нејмар“. Откако Французинот го продолжи договорот со Светците, неофицијално се зборува дека сега има сила да одлучува за некои работи поврзани со соиграчите, во најмала рака, се слуша неговото мислење и сериозно се зема предвид.
Шпекулациите се дека Мбапе не го сака недисциплинираниот Нејмар и желбата на клубот да се ослободи од Бразилецот е всушност желба на Мбапе.
Од друга страна, новиот тренер Кристоф Галтие рече дека секој тренер би посакал играч како Нејмар во својот тим, а и Меси сака неговиот пријател со којшто играше и во Барселона, да остане во Париз. Меси смета дека Нејмар му треба на тимот бидејќи е добар фудбалер.
Нејмар не сака да си оди од ПСЖ, има договор до 2027 и ако му биде раскинат договорот, ќе треба да добие компензација од 32 милиони евра по сезона.