Меси и Мбапе со провокации еден кон друг, прв почна Аргентинецот (Видео)

Лионел Меси даде два гола за Аргентина, а Килијан Мбапе беше стрелец на сите три погодоци за Франција во вчерашното неверојатно драматично финале на Мундијалот во Катар. Соиграчите од ПСЖ погодуваа и во пенал-рулетот, а на крајот Меси се радуваше на титулата откако неговите соиграчи беа безгрешни во ударите од 11 метри.

Интересно е дека Меси и Мбапе во текот на финалето имаа неколку „закачки“, а прв почна Меси. По постигнувањето на првиот гол од пенал, Аргентинецот доаѓајќи кон центарот на игралиштето, со силно стисната рака покажа кон Мбапе.

Голгетерот на Франција беше збунет и гледаше кому Меси му покажува таква радост, а потоа сфати дека тоа е наменето за него. Мбапе не чекаше долго да возврати. Со двата гола во второто полувреме не само што израмни на 2:2, туку и на Меси му врати на ист начин.

 

- Оглас -

Најнови вести