Во последното коло од француското првенство, Пари Сен Жермен на свој терен загуби од Клермон со 2:3, но тоа не ја наруши атмосферата на „Паркот на принцовите“ каде фановите се радуваа на рекордната 11 титула во домашното првенство.
Пресвртот на Клермон кој губеше со 2:0, а на крајот победи, останува засенет од двете големи ѕвезди на ПСЖ, Лионел Меси и Нејмар, кои решија многу многу да не се радуваат на титулата.
Меси го одигра последниот меч во дресот на ПСЖ, а Аргентинецот пред, за време и по мечот повторно беше исвиркан од фановите на трибините. Меси го доби медалот, се фотографираше со екипата за спомен, а потоа реши да си замине во соблекувалната, без да отпоздрави на навивачите со почесен круг.
Овој потег на Меси го направи и Нејмар. И Бразилецот реши да не ги поздрави фановите на трибините со почесен круг. Фановите на ПСЖ неодамна протестираа и против Нејмар, па затоа Бразилецот сега не сакаше да ги поздрави.
Lionel Messi y Neymar Jr se fueron al vestuario, mientras los jugadores del PSG dieron la vuelta olímpica en el Parc Des Princes. 😭💔 pic.twitter.com/TWo5q1Q5eY
— PSG 🇫🇷 (@PSG_Goleador) June 3, 2023
За разлика од Меси кој веќе си оди од ПСЖ, Нејмар има договор кој го обврзува да остане во францускиот тим до 2025 година. Сепак, се поголеми се шпекулациите дека Бразилецот на крајот од оваа сезона ќе си замине од ПСЖ.