Денешниот неделен ден кога католиците слават Велигден, најдобрите фудбалери на светот ги минаа дома во родните земји со своите семејства. Паузата во фудбалот поради коронавирусот, придонесе после долго време Меси кој е на печалба во Шпанија, и Роналдо кој играше во Англија и Шпанија, а сега е во Италија, за Велигден да бидат во родните места, додуша во карантин.
Меси не е голем мераклија за објавување слики на социјалните мрежи, но тука е неговата сопруга Антонела, која покажа убава семејна слика со Лео и трите сина. Тука се и традиционалните велигденски јајца како симбол на празникот, и честитка до сите кои слават.
Роналдо не чекаше неговата партнерка Георгина да објави слика, туку самиот се пофали и објави фотографија на која седат со четирите деца на фудбалерот. Кристијано не заборави да порача до своите фанови да седат дома.