Меси и Роналдо може да му завидуваат: ваков гол се дава еднаш во живот (Видео)

Еден од најубавите погодоци кои сме ги виделе во изминативе неколку години беше постигнат на дуелот меѓу Хартфорд и Филаделфија во втората лига МЛС во САД.

Дени Барера, фудбалерот на Хартфорд, постигна погодок кој се дава само еднаш во животот. Ниту Меси, ниту Роналдо не може да се пофалат дека погодиле на ваков начин. Да биде спектаклот уште поголем, голот е во 90-тата минута за победа.

Барера го чекаше голманот на гостите да ја исфрли топката на работ од казнениот простор. Кога голманот ја фрли топката со рака, Барера инстиктивно реагираше и со петица ја удри и заврши директно во голот на гостите.

- Оглас -

Најнови вести