Меси и Роналдо полека заминуваат во историја, друг играч е најплатен фудбалер на светот

Магазинот „Форбс“ ја објави новата листа на најплатени светски фудбалери за 2022 година и за прв пат од 2014 година, ниту Лионел Меси ниту Кристијано Роналдо не се наоѓааст на врвот.

Пред осум години, тоа беше Дејвид Бекам, а сега, најплатен фудбалер на светот е Килијан Мбапе кој изминатото лето го потпиша финансиски најисплатливиот договор во историјата на фудбалот. Мбапе во 2022 година ќе заработи 128 милиони евра, од кои 110 од договорот со ПСЖ, додека само 18 милиони евра од спонзорите.

На второто место се наоѓа Меси кој ќе инкасира осум милиони евра помалку, додека Роналдо е трет со 100 милиони евра.

Четвртото место го држи уште еден играч на ПСЖ, Нејмар, додека петти е Мохамед Салах, кој исто така летово потпиша нов договор.

Ниту оваа листа не може да помине без Ерлинг Халанд, кој се наоѓа на шестото место со 39 милиони евра, но за очекување е во иднина, неговата заработка да се зголемува.

Топ 10 најплатени фудбалери според „Форбс“ во 2022 година:
1. Килијан Мбапе – 128 милиони евра (110 милиони од фудбал, 18 милиони од спонзори)
2. Лионел Меси – 120 милиони евра (65 милиони од фудбал, 55 милиони од спонзори)
3. Кристијано Роналдо – 100 милиони евра (40 милиони од фудбал, 60 милиони од спонзори)
4. Нејмар – 87 милиони евра (55 милиони од фудбал, 32 милиони од спонзори)
5. Мохамед Салах – 53 милиони евра (35 милиони од фудбал, 18 милиони од спонзори)
6. Ерлинг Халанд – 39 милиони евра (35 милиони од фудбал, 4 милиони од спонзори)
7. Роберт Левандовски – 35 милиони евра (27 милиони од фудбал, 8 милиони од спонзори)
8. Еден Азар – 31 милион евра (27 милиони од фудбал, 4 милиони од спонзори)
9. Андрес Иниеста – 30 милиони евра (25 милиони од фудбал, 5 милиони од спонзори)
10. Кевин Де Брујне – 29 милиони евра (25 милиони од фудбал, 4 милиони од спонзори)

- Оглас -

Најнови вести