Меси и Роналдо првпат во репрезентативна акција после СП

Враќањето на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во своите репрезентации, дава посебен шмек на вечерашната програма од фудбалски мечеви на интернационално ниво. Меси и Роналдо за првпат по Светското првенство во Русија ќе настапат за своите селекции. Двајцата пропуштија по шест меча.

Меси со „гаучосите“ има пријателски дуел во Мадрид против Венецуела, додека суперѕвездата на Јувентус е предводник на „европските Бразилци“ во квалификацискиот меч за ЕП 2020 против Украина.

Колку Роналдо и Меси значат за своите репрезентации, говорат и бројките. Кристијано на 154 меча има 85 гола, а Меси на 128 средби има 65 гола.

- Оглас -

Најнови вести