28.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Меси и Роналдо своето ривалство ќе го продолжат во Саудиска Арабија?!

Неуспешната прва рунда на преговори со ПСЖ, ги натера богатите шеици од Саудиска Арабија повторно тропнат на вратата на Лионел Меси.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пишува дека иако Меси ја одби првата понуда тешка 300 милиони евра годишно од Ал Хилал, тимот од Саудиска Арабија не се откажува и неговите челници планираат средба со таткото и агент на Лионел, Хорхе Меси.

Според весникот, Меси е свесен дека се наоѓа на залез на кариерата, а со триумфот на Светското првенство, ја комплетира колекцијата трофеи, и би можел добро да ја наплати успешната кариера.

Доколку се согласи да потпише за Ал Хилал, тогаш Меси ќе го продолжи ривалството со Кристијано Роналдо, кој од 1. јануари е играч на Ал Наср.

Шпекулациите за евентуалната преселба на Меси во Саудиска Арабија започнаа откако францускиот „Лекип“ објави дека состанокот меѓу Хорхе Меси и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, бил неуспешен. Ал-Келаифи понудил нов договор за Меси, но платата би изнесувала 30 милиони евра, 10 милиони помалку од тоа што Аргентинецот го заработува со актуелниот договор.

- Оглас -

Најнови вести