Меси и Роналдо во руското првенство нема да можат да дадат повеќе од 20 голови

Голгетерот на Зенит, Артем Џуба даде интересен коментар кога се работи за мечевите во руското првенство. Џуба вели дека е многу потешко да се погодува во Русија, отколку во Шпанија или Италија каде што сезонава играат Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Рускиот репрезентативец сезонава даде 17 гола во домашното првенство и со тоа ја подели наградата за најдобар стрелец во лигата, заедно со Сердар Азмун.

„Да се даде 17 голови во руското првенство е навистина успех. И Меси и Роналдо нема да може да дадат повеќе голови од тоа. Тие можеби ќе стигнат до бројката од 19/20 голови затоа што се врвни фудбалери, но не верувам дека може повеќе да погодуваат“, вели Џуба, кој додава дека лошите услови на дел од терените се причина зошто не може во Русија секаде да има квалитетен фудбал со многу погодоци.

„Можам да го замислам Меси како сеги на изгорениот терен во Оренбург на 40 степени. Таму дури и тревата не се полева и не гледам начин како да се игра квалитетно. Кога гостувавме таму, разбрав дека дел од тамошните играчи не се фокусирани на играта, туку едноставно сакаат да најдат што е можно побрз начин да те фаулираат“, додава Џуба.

 

- Оглас -

Најнови вести