Ерлинг Халанд не престанува да воодушевува со своите реализаторски способности, па во дербито на Манчестер даде три гола, а имаше и две асистенции во убедливата победа на Сити против Јунајтед од 6:3.
Со овие три гола, Халанд стигна до 14 погодоци само во осум меча во Премиер лигата, подвиг што не му успеал на ниту еден друг фудбалер во историјата на елитното англиско друштво.
Во овие осум кола, Халанд има постигнато дури три хет-трика, што е неверојатно. Една легенда како Кристијано Роналдо има одиграно 232 средби во Премиер лигата и само трипати се радувал на хет-трик. Халанд го стигна ова постигнување на Роналдо во првите осум натпревари, што покажува само колку е неверојатен билансот на Норвежанецот во дресот на Сити.
Дега Халанд веќе со години е незадржлив, покажува и неговата статистика во профи фудбалот. Ѕвездата на Сити има само 22 години, а досега има постигнато дури 170 погодоци. Колку за споредба, Меси до оваа возраст имаше дадено само 44 погодоци, додека билансот на Роналдо кога имал 22 години бил 50 голови.
Тоа значи дека Меси и Роналдо заедно имаат дадено 94 голови до возраст од 22 години, додека Халанд сам има постигнато веќе 170 голови, односно речиси двојно повеќе од двоецот кој заедно има освоено 12 Златни топки.