17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Меси и семејството почнале да учат француски јазик?!

Лионел Меси, неговата сопруга Антонела и тројцата синови почнале да учат француски јазик. Ова го тврди францускиот новинар Жофри Гаретје, кој работи во телевизијата Канал плус.

Аргентинската фудбалска суперѕвезда која има 33 години од 1 јули е слободен играч и би можело да ја напушти Барселона за која игра во целата кариера. Барса има финансиски проблеми, додека ПСЖ на Меси ќе му понуди поголема плата и можност да биде соиграч со Нејмар, со кого предводени од аргентинскиот тренер Маурисио Покетино, би се бореле за трофеј во Лигата на шампионите.

Меси и летоска сакаше да си замине, но Барселона не го пушти. Фаворит за неговиот потпис беше Манчестер сити, но сега ситуацијата како да се менува и фаворит за привлекување на Меси се Светците од Градот на Светлината.

„Меси и неговото семејство, жена му и децата, земаат часови по француски. Зошто би учел француски ако планира да оди во Манчестер сити? Тоа нема смисла. Верувам во точноста на информацијата која ми е од многу веродостоен извор“, рече новинарот Гаретје.

- Оглас -

Најнови вести