Барселона не успеа да ја одбрани титулата во Шпанија и ја загуби трката со Реал Мадрид, па сега на Каталонците им останува атак на највредниот пехар во Европа, тој од Лигата на шампионите.
Играчите заминаа на одмор веднаш по мечот со Алавес во последното коло, а вообичаено тандемот од нападот на Барса, Меси и Суарес со понежните половини летуваат заедно.
https://twitter.com/ESPNArgentina/status/1286339083711766528?s=20
Овојпат се на Ибица на луксузана јахта, каде што се полнат батериите за осминафиналниот реванш-дуел со Наполи што ќе се игра на 8 август на „Камп ноу“.
Ако го минат Наполи, Каталонците ќе играат најверојатно со Баерн, и тоа нокаут четвртфинален меч во Лисабон.
Потоа, ако повторно бидат успешни, им следува полуфинале со некоја од квартетот екипи Јувентус/Лион или Манчестер сити/Реал Мадрид, исто така на стадионот „Луж“ во Лисабон.