Интер Мајами забележа минимална победа на гостувањето кај Торонто од 0-1, во меч немаше големо резултатско значење, барем за гостите. Меси, Суарес и Бускетс останаа на клупата за резерви, но Тата Мартино се одлучи во игра да ги внесе ви финишот на мечот, на големо задоволство на гледачите во Торонто.
Единствениот погодок на мечот беше на дело на Леонардо Кампана во 93-тата минута, после асистенцијата на Луис Суарес. На едно коло до крајот од регуларниот дел од сезоната, Интер Мајами веќе си го има обезбедено првото место во Источната конференција, а со сигурност ќе го има и најдобриот ефект од сите 29 екипи во МЛС лигата.