Меси или Роналдо? Кој прв ќе го стигне новиот голем рекорд?

Според многумина, Бразилецот Пеле е најдобриот фудбалер во светот на сите времиња. Сепак, со појавувањето на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, мислењето за голем дел од фудбалските симпатизери се промени. Овие двајца веќе 15-тина години доминираат со светскиот фудбал и ги рушат сите рекорди кои се пред нив.

Еден од малкуте рекорди кој не е во сопственост на Меси или Роналдо е оној по бројот на постигнати погодоци во кариерата. Тој рекорд уште го држи Пеле. Легендарниот Бразилец има постигнато 619 голови во 638 натпревари во кариерата, и тоа во периодот од 1956 до 1974 година.

Рекордот е на Пеле, но Меси и Роналдо се многу блиску до рушење и на ова постигнување на Пеле. Капитенот на Барселона досега во кариерата има постигнато 577 голови во 661 натпревар, додека Роналдо е уште поблиску до Пеле. Португалецот се израдувал на 589 голови во 789 одиграни средби.

Пеле неодамна изјави дека Меси не го става во конкуренција на најдобрите фудбалери бидејќи негово главно „оружје“ е левата нога и речиси сите погодоци ги дава со таа нога.

„За да се споредува со мене мора да биде комплетен играч. Да шутира добро со двете нозе, да дава голови со глава. Што се однесува до мене, Марадона е многу подобар играч од Меси. Диего е еден од најдобрите кои некогаш се појавиле, заедно со Бекенбауер и Кројф“, рече Пеле.

- Оглас -

Најнови вести