31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Меси им даде надеж на навивачите на Барселона дека можеби ќе остане во клубот

Лионел Меси даде интервју за еден шпански медиум, тоа интервју ќе биде објавено на 27 декември, но во јавноста беше објавен еден мал дел од тоа интервју. Во тој дел се слуша како Меси вели дека летоска бил во многу лоша состојба, но не ја отфрла можноста да остане во Барселона и по завршувањето на оваа сезона.

„Денеска сум добар, но вистина е дека летоска не ми беше добро поради начинот на кој заврши сезоната, па оној факс и сите работи кои се случија. Сакам да се борам. Знам дека клубот и тимот минуваат низ тежок период, има финансиски и други потешкотии, но јас сум оптимист“ – вели Меси во интервјуто во кое тој звучи како да нема одлучено за својата иднина.

Ова интервју им дава надеж на фановите на Барса дека Аргентинецот сепак кариерата ќе ја заврши во дресот на каталонскиот клуб, за кого досега им дадено 643 гола, што е изедначување на светскиот рекорд. Се шпекулира дека откако ќе му заврши договорот во јуни, тој ќе се пресели во ПСЖ, но прво треба да се види како Барса ќе ја заврши сезонава и кој кандидат ќе победи на претседателските избори во клубот.

- Оглас -

Најнови вести