25.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Меси им донел заработка од 84 милиони долари на ривалите на Интер Мајами

Од играњето на Лионел Меси во Интер Мајами полза имаат сите клубови во МЛС лигата, не само Розевите од Мајами.

Доаѓањето на осумкратниот освојувач на „Златната топка“ во САД во летото 2023 година, го зголеми интересот за следење на мечевите од МЛС лигата, останатите клубови ги зголемија цените на билетите, а пак имаат зголемена продажба на влезниците.

Некаде билетите поскапеа и за неверојатни 1.000 проценти. Таков беше примерот кога Меси и Мајами гостуваа кај Њујорк Ред булс. Цените на билетите од 45 одеднаш скокнаа на 496 долари. Колумбус кру почна да продава билети по цена од 421 долати, а пред тоа чинеа само 35 долари.

Кумулативно, сите останати клубови заедно генерирале вкупна заработка од 83,9 милиони долари, а бројката уште ќе расте.

- Оглас -

Најнови вести