Легендата на светскиот фидбал, Лионел Меси кој денеска полни 38 години, во Интер Мајами продолжи една традиција која ја почна во Барселона и репрезентацијата на Аргентина, а тоа е секогаш неговите тимови да ја поминат првата групна фаза во некое меѓународно натпреварување.
Меси има 33 пласмани во нокаут фаза во 33 учества (тука не се сметаат Олимписките игри, инаку би било и 34), никогаш не испаднал во групна фаза, и ова е единствен ваков пример во фудбалот. Кристијано Роналдо пет пати испаѓал во групна фаза, најчесто со националниот тим.
Во Лигата на шампионите 19 пати ја мина групата, на Копа Америка седум пати, на Светско првенство пет пати, а по еднаш на Светското клупско првенство и Купот на лигите.