Во отсуство на Нејмар, Лионел Меси треба да биде предводник на Пари Сен Жермен вечерва против Лајпциг. Аргентинската ѕвезда првпат во кариерата ќе игра против Црвените бикови, но тој лично има богата историја против германски противници.
Меси има 11 победи и по пет порази и ремија против Германци. Најсветол момент му се петте гола на „Камп ноу“ во 2012 година против Баер Леверкузен и разбивањето на Баерн кога со дриблинг го легна на земја Боатенг, но имаше и незаборавни болни порази како оние 2-8 во дресот на Барселона против Баерн и поразот во Аргентина од 0-1 против Германија во финалето на СП 2014 година.
Традицијата вели дека кога Меси давал гол, неговиот тим не губел од германски противници и затоа за Лајпциг е важно да го неутрализира Лео. Меси им давал гол на 290 различни голмани, Петер Гулачи може да стане третиот Унгарец на листата.