Меси има нов прекар, го викаат Анкара, а тоа нема врска со главниот град на Турција (Видео)

Лионел Меси во Аргентина е познат под прекарот Пулга (вошка), а од неодамна, сè почесто, особено по социјалните мрежи, почнаа да го викаат Анкара. Од овој прекар се воодушевени и Турците, иако прекарот нема никаква врска со главниот град на Турција, Анкара.

Новиот прекар стана толку популарен што Меси го нарекоа Анкара и на официјалниот Твитер на аргентинската фудбалска лига.

Навивачката Лукита Родригес беше прва која на „Јутјуб“ фудбалерот на Барселона го нарече анкара. Идејата за ова потекнува уште од 2007 година, кога Меси во дресот на Барса постигна незабравен гол против Хетафе. Додека Меси ја дриблаше противничката одбрана, коментаторот на каталонски јазик постојано вика „анкара Меси“, што значи „се уште Меси“.

- Оглас -

Најнови вести