Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, по синоќешниот историски триумф на „Олд Трафорд“ рече дека Лионел Меси ќе треба да биде прегледан од лекар, но состојбата со носот не му е најдобра и веројатно нема да игра викендов против Уеска.
„Јасно беше дека тој не можеше да игра најдобро што може. Доби силен удар во носот и треба да биде прегледан. Има сериозен хематом и модринка“, изјави Валверде.
Денеска ќе се знае точната тежина на повредата, но јасно е дека Меси нема скршеница на коската по ударот кој го доби од Крис Смолинг. Меси по крварењето, имаше проблеми со дишењето на нос, мораше да дише со уста, но не станува збор за повреда која би го оддалечила од фудбалскиот терен и се очекува тој без маска на лицето да биде на теренот во вторник, кога на „Камп ноу“ ќе гостува Манчестер јунајтед.