Меси има шест, а Роналдо пет Златни топки, но само еден играч има Златна супертопка

Повеќе од 60 години угледното француско списание „Франс фудбал“ доделува награда Златна топка, наменета за најдобар фудбалер во Европа. Само одбраните од страна на новинарите имаат привилегија да ја освојат престижната награда, но само на еден играч досега му успеа да освои Златна супертопка.

Оваа Супертопка се додели во 1989 година, а добитник беше легендата на Реал Мадрид, Алфредо ди Стефано, како најдобар фудбалер во претходните триесет години.

Вообичаената Златна топка во таа 1989 година му припадна на Марко ван Бастен, а во „Франс фудбал“ одлучија да го наградат еден од шесте фудбалери (другите петмина беа Кројф, Платини, Бекенбауер, Киген и Румениге) кандидирани како најзаслужни за придонесот со развојот на фудбалската игра.

Ди Стефано е прва вистинска ѕвезда на светскиот фудбал, тој играше пред Пеле, има освоено пет титули во Купот на европските шампиони. Популарната сина стрела ја освои Златната топка во 1957 и 1959 година.

Доколку ваква Супертопка се доделува повторно, веројатно ќе ја освојат Меси или Кристијано Роналдо, со оглед на нивната доминација во последната деценија, па и малку повеќе.

- Оглас -

Најнови вести