26.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Меси има три причини да не потпише нов договор со ПСЖ

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси одбива да го продолжи договорот со ПСЖ, пишува новинарот Жерар Ромеро.

Ромеро тврди дека Меси во овие моменти има три причини да не потпише нов договор со ПСЖ и тоа се:
– Лошиот однос со навивачите на ПСЖ
– Преголемото влијание во клубот што го има Мбапе

– ПСЖ не му укажа никаква чест по триумфот на СП во Катар и поради тоа чувствува дека не припаѓа во тимот од Париз.

Новинарот тврди дека Меси почнал да се премислува околу продолжувањето на соработката со ПСЖ уште за време на Светското првенство.

Исто така, односите на Аргентинецот со управата на Барселона сега се многу подобри и Ромеро очекува претседателот на каталонскиот тим, Жоан Лапорта, да се обиде да го убеди Меси да се врати на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести