Беше херој на првиот меч против Лајпциг, а сега нема да игра

Екипата на Пари Сен Жермен денеска отпатува во Германија, каде што утревечер ќе игра против Лајпциг, во меч од четвртото коло на Лигата на шампиони. Светците имаат седум бода од три кола и се први во групата, каде што Лајпциг е без бодови.

Пред две недели, ПСЖ се намачи и едвај славеше на „Паркот на принцовите“ против овој ривал. Лајпциг водеше со 2:1, а во последните 25 минути Лионел Меси даде два гола и донесе голема победа за францускиот тим. Токму Меси е ѕвездата која денеска не отпатува на гостувањето.

Официјалните причини поради кои Меси не игра е дека Аргентинецот има проблем со мускулот на бедрото и болки во коленото, но факт е дека тој не игра на посакуваното ниво. На последниот меч од француското првенство Меси играше само едно полувреме против Лил, а потоа беше заменет.

Освен Меси, сигурно нема да играат ниту Серхио Рамос, Марко Верати и Леандро Паредес, кои од претходно беа повредени. Добра вест е враќањето на Килијан Мбапе, кој не играше против Лил.

 

- Оглас -

Најнови вести