Меси изведе магија, Интер Мајами го победи Порто (Видео)

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси блесна во полн сјај за Интер Мајами во триумфот од 2-1 против Порто, во дуел од Светското клупско првенство. Тој изведе магија од слободен удар во 54-та минута и постигна погодок за пресврт и победа на мечот против португалскиот гигант.

Саму Омородион со реализација од пенал го доведе Порто во водство во осмата минута.

Сепак, Интер Мајами заигра многу подобро во второто полувреме. Теласко Сеговија во 47-та минута го израмни резултатот, а само седум минути подоцна следеше и магијата од слободен удар на Лео Меси.

Палмеирас го победи Ал-Ахли со 2-0, во меч кој беше и привремено прекинат поради невреме и грмотевици.

- Оглас -

Најнови вести