Лионел Меси повеќе од 20 години беше дел од Барселона и за многумина беше изненадување кога во 2021 година реши да го напушти „Камп ноу“. Пари Сен Жермен беше изборот на Аргентинецот, па Меси потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.
Овој договор истекува за неколку месеци, а според најавите од француските медиуми, односно реномираниот „Лекип“, Меси нема да остане на „Паркот на принцовите“ во следната сезона.
Меси не се чувствувал баш најсреќно во Париз, посебно поради резултатите на екипата. ПСЖ никако не може да стигне до титулата во Лигата на шампионите, а според резултатот во првиот меч од осминафиналето против Баерн Минхен, на францускиот првак му се заканува нова рана елиминација.
ПСЖ на свој терен загуби од Баерн Минхен со 0:1, што значи дека на реваншот во Германија ќе мора да победи ако сака да остане во игра за следната фаза. Доколку ПСЖ биде елиминран, се очекува Меси веднаш потоа да објави дека ќе си замине од клубот на крајот од сезоната.
🚨✅ Confirmed: The trend for Leo Messi, right now, is to NOT renew his contract with PSG.@lequipe [🎖️] pic.twitter.com/MHMh6rX3Yf
— Managing Barça (@ManagingBarca) February 21, 2023