13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Меси ја имаше најочајната сезона во кариерата, а е најплатен спортист за оваа година (ФОТО)

Лионел Меси ја одигра најслабата сезона во својата професионална кариера, но доказ за тоа колку е голем е и фактот дека е најплатен фудбалер за оваа година.

На листата објавена од „Форбс“, Аргентинецот ќе инкасира 130 милиони долари, со што се најде пред Леброн Џејмс, којшто стана погобат за 121,2 милиони.

На третото место се наоѓа Кристијано Роналдо со 115 милиони долари.

Интересно е тоа што Роџер Федерер практично и да не одигра меч во оваа натпреварувачка година, но богатите спонзорски договори си го направија своето и тој се наоѓа на седмото место на оваа листа со заработени 90,7 милиони долари.

Меси оваа сезона има скромен учинок само од четири погодоци, што е негов најслаб во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести