Меси ја испрати последната порака како играч на ПСЖ

Лионел Меси потврди дека си заминува од Пари Сен Жермен ова лето, а засега останува непознаница кој ќе биде следниот клуб на Аргентинецот. Две сезони помина Меси во дресот на Светците, кој е негов втор клуб во кариерата, откако претходно цела кариера ја имаше поминато само како играч на Барселона.

„Многу сум среќен што бев дел од Пари Сен Жермен. Навистина уживав играјќи тука, со толку многу добри соиграчи. Сакам да се заблагодарам на клубот за прекрасното искуство кое ми го овозможија во Париз“, порача Меси.

Интер Мајами од САД и Ал Хилал од Саудиска Арабија се клубовите кои с еглавни фаворити да го добијат потписот на Меси, но не се отфрла можноста, Лео да се врати во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести