Меси ја освои Златната топка, но не се најде во идеалниот тим во МЛС-лигата

Ѕвездата на Интер Мајами и освојувач на Златната топка, Лионел Меси, не е избран во иделниот тим на МЛС-лигата.

Меси, кој летово потпиша за Интер Мајами, одигра шест меча за тимот од Флорида во МЛС-лигата постигнувајќи само еден гол и имаше уште две асистенции. Но, Интер Мајами не успеа да обезбеди пласман во плејофот.

Во МЛС-лигата во тек е разигрувањето за титулата, а во конференциските финалиња кои се закажани за втори декември ќе играат Синсинати – Колумбус кри и Лос Анџелес – Хјустон.

Во идеалниот тим на МЛС-лигата за регуларниот дел од сезоната се најдоа: Роман Бурки (Сент Луис), Мет Мијазга (Синсинати), Тим Паркер (Сен Луис), Вокер Цимерман (Нешвил), Лучано Акоста (Синсинати), Тијаго Алмада (Атланта), Ектор Ерера (Хјустон), Хани Мухтар (Нешвил), Денис Буанга (Лос Анџелес),Јоргос Јакумакис (Атланта) и Хуан „Кучо“ Ернандес (Колумбус кру).

 

- Оглас -

Најнови вести